Граѓаните што денеска се собраа на протестот во Кочани, барајќи одговорност за трагичната несреќа во која загинаа 59 лица, пред општинската зграда фрлаа со јајца и бараа да излезе градоначалникот.
Протестот почна од градскиот парк, но продолжи пред општинската зграда со извици „Бараме правда“, „Секој еден може да е следен“, „Убијци“...
МИА
Гневната толпа го демолираше и кафе-барот „Класик“, чиј сопственик е истиот од дискотеката во која се случи трагедијата, јавува дописникот на МИА.
Прочитај повеќе

На платото на УКИМ студенти и професори оддадоа почит за жртвите
Собирот започна со седумминутен молк на големиот број присутни студенти од кои беше исполнет кампусот на УКИМ.
17.03.2025

Дискотеката во Кочани работела во објект наменет за лесна индустрија
Како што истакна министерот за внатрешни работи, над 22-23 лица се осомничени за целиот настан.
17.03.2025

Градоначалникот на Кочани поднесе оставка по трагедијата во градот
Доколку постои каков било основ за одговорност кај мене, го повикувам обвинителството да го испита тоа и да постапи во согласност со законите, посочи Љупчо Папазов.
17.03.2025
Во меѓувреме протестот повторно се префрла во паркот.
Во пожарот во дискотеката во Кочани, според последните официјални информации, загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.