text size
Основното јавно обвинителство во Кочани достави до надлежниот суд предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа за 16 лица што досега се опфатени со постапката за пожарот во Кочани, на кои оваа мерка им истекува во текот на денот, соопшти ЈОРМС.
Вчера краткотраен притвор им беше изречен уште на две лица и тој сè уште трае.
Од Обвинителството појаснуваат дека краткотрајниот притвор е продолжен затоа што сѐ уште траат обемните дејства на собирање докази за формално започнување на истрагата.
Прочитај повеќе
Собири низ цела држава во чест на жртвите во Кочани, истрагата проширена на повеќе лица
Во повеќе градови низ државата синоќа се одржаа собири во спомен на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
19.03.2025
Разрешени полициски началници и командири во Штип и во Кочани
Поради трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани се разрешени началници, помошници и командири во Штип и во Кочани, потврдија од МВР.
18.03.2025
Кочани, 48 часа потоа: Што знаеме досега?
Македонија сѐ уште е во шок и неверување по загубата на 59 млади животи во пожарот во дискотека во Кочани.
18.03.2025
Мерката краткотраен притвор до овој момент е побарана вкупно за 18 лица.
Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а повредени се повеќе од 150.
Во меѓувреме министерот за здравство Арбен Таравари информира дека денеска е последниот транспорт на пациенти што ќе се лeкуваат во странство од трагедијата во Кочани. Како што посочи тој, во 11:30 часот за Шведска се пренесени двајца пациенти, а попладне уште тројца пациенти. Тој напомена дека може да се очекува во текот на следните денови и враќање на одредени пациенти што се лекуваат надвор од државата.
Министерот нагласи дека добра вест во целата ситуација е што по изминати 72 часа нема починати меѓу оние што се со сериозни повреди, односно сите пациенти се во стабилна состојба.