text size
Доларот паѓа, а златото е на нов рекорд. Глобалните акции и обврзници флуктуираат денеска, на првиот работен ден на берзите по празниците, додека инвеститорите го чекаат исходот од трговските преговори на САД со партнерските земји. Трговците се загрижени и поради најавите дека американскиот претседател можеби се подготвува да го разреши претседателот на Федералните резерви (Фед), Џером Пауел, што дополнително ја поттикнува нервозата на пазарите. Инвеститорите оваа недела ги чекаат и деловните резултати на „Тесла“ и „Алфабет“, за да добијат насоки за тоа како компаниите се справуваат во новонастанатото глобално опкружување.