Милијардерот Илон Маск изјави дека не користи дрога, негирајќи го извештајот на „Њујорк Тајмс“ во кој се тврди дека тој често користел кетамин и некои други дроги.
„Пробав кетамин на рецепт пред неколку години и тоа го кажав на X, така што ова не е ни вест. Помага за излегување од мрачни ментални состојби, но оттогаш не сум го користел,“ напиша Маск на X, додавајќи дека весникот „лаже“.
Маск, кој работеше како близок советник на претседателот Доналд Трамп во неговите напори за намалување на владините трошоци, во петокот се повлече од таа улога. Главниот извршен директор на „Тесла“ (Tesla) и „Спејс екс“ (SpaceX) изјави дека планира да остане советник на Трамп и по повлекувањето од функцијата во Одделот за владина ефикасност (DOGE).
Прочитај повеќе

Заврши авантурата на Маск во американската политика
Како шеф на DOGE, напорите на Маск за намалување на трошоците и кратење на владини работни места наидоа на отпор.
31.05.2025

Илон Маск за „Блумберг“: „Мислам дека доволно направив“
На економскиот форум во Катар во интервју за „Блумберг“ Маск зборува за негативните реакции кон „Тесла“, регулацијата на ВИ и стапката на успех со администрацијата на САД.
25.05.2025

Маск смета дека тоа што зема кетамин е во најдобар интерес на инвеститорите
Маск изјави дека тоа што му е пропишана употреба на кетамин ги ублажува периодите кога тој е во лошо расположение.
18.03.2024

Бизнис-титани и злоупотреба на дрога
Пејот е халуциногено овошје од американските пустини што стана култна билка.
11.03.2024

„Волстрит журнал“: Маск често користел дрога, некогаш и со директори
Употребата на нелегални дроги од страна на Илон Маск била општопозната, пишува „Волстрит журнал“.
05.02.2024
„Њујорк Тајмс“ во петокот објави дека Маск користел дроги многу повеќе отколку што претходно било познато за време на претседателската кампања на Трамп, вклучително и честа употреба на кетамин, како и повремено користење на екстази и психоделични печурки.
На новинарско прашање во петокот вечерта дали знаел за редовната употреба на дроги од страна на Маск, Трамп одговори: „Не, не знаев. Мислам дека е фантастичен.“