Европската Унија и САД се движат во „вистинска насока“ во трговските преговори, иако новите американски давачки за увоз на челик и алуминиум не се корисни ако двете страни сакаат да го одржат замавот, изјави Марош Шефчовиќ по средбата со американскиот трговски претставник Џејмисон Грир.
„Нашата цел е да го одржиме замавот“, изјави комесарот за трговија на ЕУ пред новинарите денеска во Париз, каде што присуствува на конференција во Организацијата за економска соработка и развој.
„Верувам дека можеме да постигнеме позитивен резултат“, рече тој. „Но исто така сме подготвени и да ги браниме нашите интереси и да направиме сè за да го избалансираме нашиот трговски однос“.
Прочитај повеќе

Трамп двојно ги зголеми царините за алуминиум и челик
Зголемувањето на царините Трамп го претстави како потег со кој што се штити националната безбедност и домашното производство.
04.06.2025

ОЕЦД: Царините на Трамп се на штета на САД исто колку и на глобалната економија
Политиката на Доналд Трамп со која предизвика трговска војна ја втурна светската економија во пад, а САД се меѓу најтешко погодените земји, соопшти ОЕЦД.
03.06.2025

ЕУ предупредува дека би можела да ги забрза одмаздничките царини кон САД
Доколку не се постигне заемно прифатливо решение и постојните и можните дополнителни контрамерки на ЕУ автоматски ќе стапат на сила на 14 јули или порано.
03.06.2025
Состанокот се одржа во време кога САД вршат притисок врз своите трговски партнери да достават предлози за решавање на загриженоста на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со трговските нерамнотежи, со цел да се забрзаат трговските разговори пред 9 јули, кога треба да стапат во сила повисоките давачки.
Во меѓувреме американската администрација продолжи да ги зголемува царинските бариери со зголемување на стапките на челик и алуминиум на 50 проценти од претходните 25, потег наречен неопходен за заштита на националната безбедност.
Запрашан за последното зголемување на царините за метали од страна на Трамп, Шефчовиќ рече дека тоа не е корисен чекор за преговорите и побара САД и ЕУ да работат заеднички за да ги решат проблемите.
„Му кажавме дека длабоко жалиме за оваа последна одлука на САД и му објаснивме дека тоа очигледно не им помага на тековните преговори, особено во услови кога напредуваме“, рече тој. „Затоа мојот апел беше: Ајде да не целиме едни на други, туку да работиме заедно“.
Трамп особено ја налути ЕУ, обвинувајќи го блокот од 27 земји за бавен напредок на преговорите, што ја наведе Европската комисија, извршната власт на ЕУ одговорна за трговските разговори, да вети дека ќе ги забрза разговорите.
Според процените на комисијата, царините што ги усвои Трамп сега покриваат 380 милијарди евра (433 милијарди долари) или околу 70 проценти од извозот на ЕУ во САД.
ЕУ воведе царини за американски стоки во вредност од 21 милијарда евра како одговор на царините за метали на Трамп, кои можат брзо да се спроведат. Тие се насочени кон политички чувствителни американски држави и вклучуваат производи како што се сојата од Луизијана, земјата што е дом на претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, како и земјоделски производи, живина и мотоцикли.
Блокот исто така подготвува дополнителен список на царини за американски производи во вредност од 95 милијарди евра како одговор на таканаречените „реципрочни“ давачки и автомобилски царини што ги воведе Трамп. Тие би биле насочени кон индустриски стоки, вклучувајќи ги авионите на „Боинг“, автомобилите произведени во САД и бурбон.
ОЕЦД вчера предупреди дека трговските тензии иницирани од Трамп значително ги влошиле перспективите за глобалната економија, а особено за САД.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...