Норвешка реагираше со неверување на веста дека добитничката на Нобеловата награда за мир, Марија Корина Мачадо, го предала својот медал на претседателот на САД Доналд Трамп, кој одамна ја посакува наградата.
„Тоа е целосно нечуено“, изјави Јане Хааланд Матлари, професорка на Универзитетот во Осло и поранешна политичарка. „Тоа е целосно непочитување на наградата од нејзина страна“, додаде таа, нарекувајќи го чинот „бесмислен“ и „патетичен“.
Трамп, кој тврди дека ја заслужува наградата за мир бидејќи решил бројни војни за време на неговиот втор мандат, го прифати медалот од венецуелската опозициска лидерка на состанокот во Белата куќа во четвртокот. Тој претходно го изрази своето незадоволство од одлуката на Нобеловиот комитет на Норвешка.
Прочитај повеќе
Доналд Трамп остана со празни раце, Нобеловата награда за мир оди кај Марија Корина Мачадо
За наградата имаше 338 кандидати од кои 244 се поединци, а 94 се организации.
10.10.2025
Доналд Трамп и агресивната кампања за Нобеловата награда за мир
Претседателот изјави дека тоа би било „голема навреда“ за САД доколку не победи. Во Норвешка стравуваат од одмазда доколку тој биде разочаран.
05.10.2025
Наградата не може да се дели или пренесува, соопшти Нобеловиот комитет на Норвешка минатата недела. Комитетот не одговори на телефонски повици и пораки денеска.
Мачадо е исклучена од процесот на транзиција на лидерството во Венецуела откако американските сили го симнаа Николас Мадуро на 3 јануари, но го оставија неговиот режим на власт. Таа му го даде медалот на Трамп како „признание за неговата единствена посветеност на нашата слобода“, изјави во четврток.
Наградата за мир е веројатно најпрестижната награда во светот за дипломатски напори. Таа е една од петте Нобелови награди воспоставени според тестаментот на Алфред Нобел, шведскиот пронаоѓач на динамитот кој почина во 1896 година.
„Ова е неверојатно засрамувачко и штетно за една од најпрепознатливите и најважни награди во светот“, напиша Рејмонд Јохансен, поранешен градоначалник на Осло од владејачката Работничка партија, во објава на Фејсбук. „Доделувањето на наградата сега е толку политизирано и потенцијално опасно што лесно може да легитимира развој на анти-награда за мир“.