Политика

Трамп се предаде, беше во затвор 20 минути, па затворската слика ја сподели на X

Извор: Erik Larson/Bloomberg

25 август 2023, 10:57

Поранешниот претседател беше пуштен од затвор откако плати кауција од 200.000 долари

Трамп ја искористи затворската фотографија за враќање на социјалната мрежа Х

Трамп се предаде, беше во затвор 20 минути, па затворската слика ја сподели на X

Fulton County Sheriff's Office

Доналд Трамп се предаде во затворот во округот Фултон во Атланта под државно обвинение за заговор за поништување на резултатите од претседателските избори во Џорџија во 2020 година, што е четврти пат годинава да е под истрага како обвинет. 

Неговото предавање во четвртокот стана неизбежно откако окружната обвинителка на округот Фултон, Фани Вилис, им нареди на поранешниот претседател и 18 наводни соучесници да се предадат до петок или ќе се соочат со апсење. Трамп беше ослободен од затвор откако плати кауција од 200.000 долари. Неговото судење се очекува на почетокот на следниот месец, пишува „Блумберг“.

Трамп беше во затвор околу 20 минути. Набргу по влегувањето во затворот, неговото име се појави во базата на податоци, каде што се забележани неговата висина, тежина и боја на коса. Нему му беше доделен затворскиот број P01135809. Беше направена и снимка, прва за некој поранешен американски претседател, која беше објавенa околу еден час по излегувањето на Трамп од затворот.

Трамп ја искористи затворската фотографија за да го обележи своето враќање на X, социјалната мрежа порано позната како Твитер, за првпат по јануари 2021 година. Тој сè уште има 86,5 милиони следбеници на својот налог.

На поранешниот претседател му беше забранет пристапот на Твитер откако неговите поддржувачи упаднаа во Капитол на 6 јануари. Кога Илон Маск го купи Твитер, му дозволи на Трамп да се врати на мрежата.

Шерифот на округот Фултон, Патрик Пат Лабат, претходно изјави дека Трамп нема да добие посебен третман во затвор, особено во врска со снимката. Евидентирани се и соучесниците на Трамп што веќе се предале.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Откако плати кауција, поворката на Трамп го врати на аеродромот.

„Ова што се случи овде е пародија на правдата“, рече Трамп непосредно пред да се врати во својот приватен авион. „Ние не направивме ништо лошо. Јас не направив ништо лошо. И сите го знаат тоа“.

Сите новости од рубриката Политика

Политика

сите новости од рубриката Политика

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите