text size
„Еве, тргнуваме“ се трите збора кои во последните години, благодарение на еден човек, станаа синоним за фудбалскиот преоден рок. Ги популаризираше поранешниот италијански новинар, а денес инфлуенсер Фабрицио Романо, кој предизвика револуција во областа на фудбалските трансфери. Неговите критичари, чиј број од ден на ден се зголемува, тврдат дека станува збор за промена на полошо.