text size
Кога во интернет-пребарувач ќе внесете „фудбалски суперагенти“, меѓу првите се појавува едно име. Жорже Мендеш, 60-годишен Португалец, кој застапува играчи како Кристијано Роналдо и Ламин Јамал, стана синоним за блескавиот свет на суперагентите - индустријата во заднината на фудбалските трансфери, која само лани оствари провизии во вредност од 1,17 милијарда евра.