text size
Паделот (padel) наскоро би можел да ги надмине спортовите кои традиционално се сметаа за луксуз. Сосема очекувано, бидејќи луксузните брендови исто така се тркаат да се вклучат во забавата. Иако паделот не бара носење специјализирана опрема, спортските компании како што се „Адидас“ (Adidas), „Вилсон“ (Wilson) и „Баболат“ (Babolat) веќе воведоа професионална опрема за падел, а минатата година дизајнерските брендови како „Прада“ (Prada) и „Версаче“(Versace) лансираа брендирани рекети кои се продаваат за 2.250 долари, односно 1.500 долари. На почетокот на оваа година, „Валентино“ исто така ја претстави својата визија за теренот за падел, како и опремата во Дубаи, со што дополнително го зајакнува луксузниот статус на овој спорт.