text size
Во фудбалот не постојат тежински категории. Не постојат класификации според силата, големината или буџетот, ниту ограничувања за тоа кој може да се бори со кого. Затоа, неодамнешниот првенствен натпревар меѓу Реал и Рајо Ваљекано, каде што составот на Реал вреди милијарда евра, а на Рајо само 56 милиони, отвора прашање дали има спортска, бизнис или морална смисла меч меѓу најлесната и супертешката категорија.
Спортските економисти, од Ротенберг до Нил, предупредуваат дека неизвесноста од исходот е основа за побарувачка. Кога исходот станува извесен, пазарот започнува да ја губи смислата. Фудбалот, сепак, е исклучок што го потврдува правилото, глобалната публика не го гледа Реал Мадрид затоа што може да изгуби од Рајо, туку затоа што Реал Мадрид е институција со ореол на победа.