text size
За помалку од еден месец во северна Италија ќе започнат 25-тите по ред Зимски олимписки игри. Спортскиот спектакл ќе започне на 6 февруари и ќе заврши на 22 февруари, а ќе го организираат заеднички Милано и Кортина д’Ампецо. Тоа ќе бидат досега географски најраспространетите зимски игри. Градовите Милано и Кортина д’Ампецо се оддалечени меѓусебно околу 400 километри. На зимските игри во 16 спортови ќе се натпреваруваат повеќе од 2.800 спортисти од приближно 90 држави.