text size
Фабрицио Романо не е само спортски новинар. Денес е еден од највлијателните дигитални новинари во светот и веројатно најпознатиот инсaјдер во фудбалскиот бизнис. Италијанецот ја изгради својата кариера врз трансфер-информации, брзина, контакти и репутација дека знае што навистина се случува зад сцената на најголемите трансфери во европскиот фудбал.