text size
Потенцијалното преземање на „Уни банка“ од страна на „Шпаркасе“, пред сè, треба да се гледа низ призмата на понатамошна консолидација на македонскиот банкарски сектор. „Шпаркасе“ веќе има околу 13 проценти од пазарниот удел, а со преземањето на „Уни банка“, дополнително ќе го зголеми уделот за околу 3,5 п.п., што „Уни банка“ го има во моментов, со можност за остварување синергии преку постојната деловна инфраструктура. Тоа е исто така дел од поширокиот тренд на консолидација на банкарскиот сектор што во моментов го сведочиме во Европа, а кога зборуваме за регионот, можеби најблискиот пример е преземањето на „Адико банка“ од страна на „Рајфајзен Банк Интернешнл“ оваа година или преземањето на „Стопанска банка Битола“ од страна на српската „Алта банка“.