Назив, место и година на основање на компанијата:
Македонски Телеком е водечки национален телекомуникациски оператор којшто е дел од Групацијата Дојче Телеком.
Дејност, област, опис на најважните производи: Македонски Телеком е компанија којашто ја предводи дигитализацијата на општеството и креира одржливи вредности за сите. Компанијата обезбедува услуги за приватни и деловни корисници: говорни и податочни услуги преку мобилна и фиксна мрежа, интернет услуги, конвергентни услуги, дигитална телевизија и напредни Cloud и ИКТ решенија.
Број на вработени: 1.100 вработени
Пазар: Република Северна Македонија
Најпознат производ, услуга: Ги обезбедуваме најдобрите услуги преку најдобрата мрежа (Magenta 1, Magenta 1 Business, ICT и Cloud решенија).
EBITDA 2021.
77.6 милиони евра
Нето профит или вредност на капиталот 2021:
Нето добивка за 2021- 25.9 милиони евра
Сметководствена вредност на акционерски капитал и резерви (31.12.2021) - 257.9 милиони евра
Пазарна капитализација (врз основа на вкупен број на акции во оптек (31.12.2021)- 483.9 милиони евра
Општествена одговорност: Посветени сме да дејствуваме одговорно оттука нашите бизнис одлуки ги носиме одговорно и од социјален и од еколошки аспект. Намалувањето на дигиталниот јаз и заштитата на животната средина се основа врз која ја градиме нашата успешна приказна. Се стремиме да изградиме кориснички ориентирана, оптимизирана и агилна организација која ќе се трансформира и менува со духот на новото време и ќе донесе позитивни промени во општеството и животот на луѓето. Наша амбиција е да ја искористиме технологијата за надминување на предизвиците наметнати од модерното време. Затоа активно учествуваме во борбата со климатските промени преку ефективно користење на ресурсите, дигитализација на процесите, намалување на отпадот и обнова на биодиверзитетот.
Визија и стратегија: Нашата цел е да бидеме доверлив партнер за дигитализација, дома, на работа, секаде и во секое време. Преку технологијата да ги поврземе сите и да ги вклучиме еднакво во новото дигитално општество.
Мисија: Посветени сме на градењето и одржувањето на мрежата, којашто е крвотокот на дигиталното општество. Лидерството во технологијата го потврдуваме преку континуирани инвестиции во најновите технологии за да обезбедиме гигабитни брзини и најдобро корисничко искуство.