text size
Индустријата за обработка на плаќања бележи големи промени, со зголемена побарувачка за безготовински плаќања од страна на клиентите, посочуваат од аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ во новата анализа на „Блумберг Адрија инсајт“ (Bloomberg Adria Insight). Тие откриваат дека вредноста на безготовинските плаќања во ЕУ имаше сложена стапка на годишен раст од речиси четири проценти во 2013 година, која се зголеми на шест проценти во 2016 година. По пандемијата, растот на безготовинските плаќања забрза и изнесуваше 16 проценти во 2021 година. Вредноста на безготовинските плаќања на ЕУ достигна неверојатни 278 илјади милијарди евра во 2021 година или 1.900 проценти од БДП на ЕУ (наспроти 1.700 проценти во 2013 и 2016 година).