text size
Со сигурност можеме да кажеме дека проблематичните кредити веќе не се редовна главоболка за банките. Историски гледано, двоцифрените нивоа на проблематични заеми пред 10 години беа наследство од светската финансиска криза, која природно се прелеа на банкарскиот сектор преку отежната отплата на кредитите од клиентите. Проблематичните кредити покажуваат материјализација на кредитниот ризик - заемот станува проблематичен кога клиентот ќе престане да ги плаќа обврските кон банката (главно кога доцни со отплатите 90 дена) и доколку клиентот не може навреме да го врати долгот, билансот на успех на банката ги трпи последиците.