text size
Шаренолика е сликата во земјите од регионот Адрија кога е во прашање трговијата на мало. Словенија е единствената земја во која има висок годишен раст во овој сектор, додека Македонија е единствена во која има продлабочување на негативната стапка на годишниот раст. Иако подзабавен, висок годишен раст во малопродажбата има и во Босна и Херцеговина, а забавување на растот има и во Србија. Најблиску до Македонија е Хрватска, каде што стапката на годишен раст во трговијата на мало во јули падна на нула.