Бизнис

Мудис: Компаниите со повисок рејтинг имаат повеќе жени на лидерските позиции

Извор: Olivia Konotey-Ahulu/Bloomberg

3 март 2023, 10:23

Агенцијата откри корелација помеѓу бројот на жени во одборите и соодветниот рејтинг

Bloomberg

Компаниите што имаат повеќе жени на ниво на одбор имаат тенденција за поголема кредитна способност, според новите наоди на „Мудис“ (Moody’s Investors Service).

Имањето родово балансирано лидерство обично води до подобро корпоративно управување, што, пак, го поддржува кредитниот квалитет, посочува агенцијата за рејтинг во глобалниот извештај за половата застапеност објавен во средата. Сепак, корелацијата варира меѓу различни региони, нагласуваат од „Мудис“.

Во Северна Америка, на пример, каде што врската е најсилна, жените сочинуваат 44 отсто од одборите на компаниите со највисока оцена, во споредба со 15 отсто за оние што се оценети со Цаа (Caa). Но низ светот застапеноста на жените на највисоко ниво во компаниите многу варира, почнувајќи од просечни 33 отсто во Европа до 18 отсто на Блискиот Исток и Африка.

Компаниите со повеќе жени на водечки позиции имаат повисок кредитен рејтинг

BloombergAdria.com

Bloomberg

 

Владините стимулации, притисокот од големите институционални инвеститори и барањата за обелоденување беа клучни во областите со најголем напредок, се наведува во извештајот. Европската Унија на пример се заложи за подобрување на родовата еднаквост на врвните позиции во бизнисот, при што Европскиот парламент минатата година одобри правила што значат дека најмалку 40 отсто од неизвршните директорски места во котираните компании мора да бидат заземени од жени до 2026 година.