Спорт

Академија Пандев добива ново име и повеќе пари

Автор: Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

2 јуни 2023, 12:00

Планот на „Брера Холдингс“ е тимот да стигне до УЕФА натпреварувањата

Годинава тимот заврши во долниот дел од табелата

Академија Пандев ќе се вика „Брера Струмица“

Горан Пандев / приватна архива

„Брера Холдингс“ планира да вложи повеќе капитал за да овозможи раст на својот новостекнат фудбалски тим во земјава, со цел развивање и зајакнување на фудбалските активности на тимот во сезоната 2023-2024.

Фудбалскиот клуб Академија Пандев, кој е во процес на преименување во „Брера Струмица“, сезоната 2022-2023 ја заврши во втората половина од Првата лига.

Целта е следната сезона тимот да заврши во првите три тима на табелата што ќе и овозможи на „Брера Струмица“ квалификации за натпреварувањата на УЕФА каде што надоместоците и наградите за учество се движат од 250.000 до 15 милиони долари.

Струмичкиот клуб кој го основаше Горан Пандев, во моментов работи на формираше на новиот стручен штаб и засилувањата за следната година.