text size
Французинката Жан Луиз Калмент (Jeanne Louise Calment) која починала во 1997 година на 122 години и 164 дена се смета дека е најдолговечната личност во светот за која постојат пишани докази. Како што е пренесено во Гинисовата книга на рекорди и повеќе други релеванти извори таа била родена во 1875 година, околу 14 години пред изградбата на Ајфеловата кула и околу 15 години пред појавата на филмовите. Годината по нејзиното раѓање, Толстој ја објавил „Ана Каренина“, а Александар Греам Бел го патентирал телефонот.