text size
Кога компаниите „Мета“ (Meta Platforms) и „Опен еј-ај“ (Open AI) во септември ги претставија своите нови агенти за вештачка интелигенција (ВИ), асистентите-ботови имаа една впечатлива заедничка карактеристика: секој од нив имаше кичеста маскота со детинест изглед. Личниот ВИ асистент на „Мета“, Мјуз (Muse), има маскота по име Џоли (Jolly), крзнено суштество налик на јети со румени образи, додека кај „Опен -еј-ај“ тоа е Дотс (Dots), дружина од симпатични ликови што носат беретки и пеперушки.