text size
Успешната година на пазарот на капитал во октомври ја заокружи третото големo ИПО - она на компанијата „Токиќ“ (Tokić), водечки регионален дистрибутер на автоделови. Компанијата, која ја води извршниот директор Иван Шанториќ, преку јавна понуда на акции собра 24 милиони евра свеж капитал. Повеќе од 1.700 граѓани и вработени впишаа 37 отсто од вкупно понудените акции, со што продолжи трендот на силна поддршка од јавноста за домашните компании.