text size
Тејлор Бауер, 44-годишник од Лос Анџелес, е самопрогласен биохакер (лице кое со помош на науката, технологијата, исхраната, суплементите и промената на животните навики настојува да го подобри функционирањето на своето тело и мозок, да го унапреди здравјето и да го продолжи животниот век, заб. на прев.). Околу 2023 година, по речиси две децении земање „адерал“, лек против нарушување на вниманието, одлучил постепено да ја намали дозата, откако искусил психички и физички несакани ефекти. Наместо да премине на некој друг психофармак (лекови што се користат за лекување и ублажување различни нарушувања и ментални заболувања, заб. на прев.), Бауер се свртел кон неочекуван и во голема мера непроверен кандидат што би му помогнал да се справи со „мозочната магла“ и да ја подобри концентрацијата: руски пептиден препарат наречен „семакс“.