text size
Кејлин Партлоу е личност за која не би рекле дека има хејтери. Оваа пријателски настроена, енергична 29-годишна жена е најпозната по учеството во реалното шоу на „Нетфликс“ (Netflix) „Љубов во спектарот“ (Love on the Spectrum), кое зборува за радостите и маките на состанувањето и барањето партнер кога сте лице со аутизам. Денес живее во Гринвил, во Јужна Каролина, и работи со деца со аутизам. Исто така, држи предавања низ САД и стекна огромен број следбеници на социјалните мрежи, каде што објавува видеоснимки во кои ги разбива заблудите за аутизмот и нуди совети за комуникација со лица со аутизам.