text size
Неколку дена пред Доналд Трамп повторно да се врати во Белата куќа, Џорџ Сантос се искачуваше по скалите на блиската сала „Ендру В. Мелон“ (Andrew W. Mellon Auditorium). Беше петок, 17 јануари 2025 година, во пресрет на викендот на инаугурацијата, а посрамотениот поранешен американски конгресмен се упатуваше кон „Криптобалот“ (настан организиран од криптоиндустријата, како прослава на повторниот избор на Трамп и прокриптовалутната агенда), за кој билетите се продаваа по цена од 2.500 долари (2.135 евра).