Кина планира да ја изгради својата прва база на Месечината до 2028 година, пред нејзините астронаути да започнат со мисии, бидејќи земјата сака да одговори на доминацијата на НАСА во истражувањето на вселената.
Базата најверојатно ќе се напојува со нуклеарна енергија, објавија кинеските медиуми. Нејзината основна конфигурација ќе се состои од платформа, бункер, орбитер и ровер, а сето тоа ќе биде конструирано од мисиите Chang'e 6, 7 и 8.
„Нашите астронаути најверојатно ќе можат да одат на Месечината во рок од 10 години“, рече претходно неделава Ву Веиран, главен дизајнер на кинеската програма за истражување на Месечината, во интервју за државната телевизија CCTV. Нуклеарната енергија може да одговори на долгорочните енергетски потреби на лунарната станица, рече тој.
Прочитај повеќе
Кина најави повеќе мисии на Месечината откако пронајде нов минерал
Кина планира да лансира три мисии без екипаж на Месечината во следните 10 години.
12.09.2022
Конечно започнува вселенската трка што му е потребна на светот
Илон Маск сака SpaceX да стане првата приватна компанија која ќе изврши мисија на Марс, но тој има конкуренција и тоа е добро за сите.
26.07.2022
Кина ги зголеми своите вселенски амбиции во последниве години, испраќајќи сонди на Месечината, градејќи своја вселенска станица и насочувајќи ги своите цели кон Марс. Плановите ја ставија земјата во директна конкуренција со САД. НАСА има ровер на црвената планета и се обидува во текот на оваа деценија да ги врати астронаутите на Месечината за првпат по завршувањето на програмата Аполо во 70-тите.
И Кина и САД трошат милијарди долари не само за да пратат луѓе на Месечината, туку и за пристап до ресурси кои би можеле да поттикнат живот на површината на Месечината, но и за испраќање на вселенски летала на Марс.
Во 2019 година, Кина стана првата земја што приземји ровер на далечната страна на Месечината, а подоцна ги презеде и првите примероци од нејзината површина. Кинеската база се очекува да биде првата станица на јужниот пол на Месечината, област која научниците сметаат дека е најдоброто место за наоѓање вода. НАСА исто така ја таргетира таа област. Крајната намера на Кина е во иднина да ја прошири базата во меѓународна истражувачка станица.