Трошоците за правење на класичната италијанска пица „Маргерита“ продолжија да се зголемуваат во јануари бидејќи цената на моцарелата и маслиновото масло се зголемуваат, а цените на електричната енергија остануваат високи.
Според пресметките на „Блумберг“ врз основа на податоците на „Истат“ (Istat) и тамошното Министерство за економија, вкупните состојки потребни за подготовка на пицата и користењето на енергијата за процесот на ова суштинското јадење од Неапол се зголемиле за 25 проценти во јануари во однос на истиот месец лани минатата година.
Инаку, растот на цените забави втор месец по ред, а врвот беше постигнат во ноември со раст од над 30 отсто.
Мерачот за пица и понатаму далеку ја надминува вкупната стапка на инфлација која, поттикната од енергијата и храната, се лизна на 10,7 проценти минатиот месец.
Индексот на Блумберг ги собира податоците за брашното, доматите, сирењето моцарела, маслиновото масло и потрошувачката на електрична енергија потребна за да се приготви пица во домашна електрична печка. Трошоците за купување на подготвена пица се зголемија само за 9,6 отсто во текот на годината, што го прави одењето во продавница попогодна опција за подготовка отколку сопствена верзија на пица во домашни услови.