Градскиот совет на Сплит донесе одлука за јавен ред и мир на подрачјето на Сплит, според која за време на туристичката сезона ќе се казнува несоодветното однесување на јавни места.
Прочитајте повеќе: „Кроација ерлајнс“ воведува нова сезонска авиолинија Скопје - Сплит
Во согласност со таа одлука, со 300 евра ќе се казни консумирање алкохол на јавна површина, вршење нужда на јавна површина, спиење по паркови, тревници, плоштади и други јавни површини; консумација на храна или пијалаци на површина за јавна употреба и престој во угостителски објекти по завршувањето на работното време, пренесува порталот „Индекс“.
Прифатен е и амандман за парична казна од 300 евра за качување и седење на споменици и спомен-плочи, влегување, качување и/или капење во фонтани и нудење и склучување договор за такси-услуга што не била однапред договорена.
Повраќање на јавни површини, како и градежно-монтажни работи од 14 до 17 часот и од 22 до 19 часот, ќе се казнуваат со парична казна од 150 евра, за да се спречи бучава.