Приватни македонски универзитети: Едни прават милиони, други собираат трошки
Приватното високо образование може да биде вносен бизнис. Но масовното отворање државни универзитети на почетокот на минатата деценија се покажа како поразително за пазарот на трудот. „Блумберг Адрија“ веќе пишуваше дека со години се „штанцаат“ дипломци од општествени, правни и економски науки за кои едноставно нема потреба во македонските компании, а истовремено недостигаат кадри со специфична стручна подготовка.
Од 1 јуни македонските возачи нема да застануваат на патарини во Србија
Почнувајќи од ова лето, возачите од Србија ќе можат без застанување да поминуваат низ наплатните пунктови во Македонија. Истото тоа ќе важи и за македонските возачи на српските автопатишта. Патарините ќе се плаќаат само со еден таг, без дополнителен уред или картичка во земјата каде што возилото не е регистрирано.
Серенада за гастарбајтери - кој пее најдобро?
Германскиот пазар на трудот веќе со години дејствува како своевиден „вшмукувач“ на работна сила од Западен Балкан. Меѓутоа, и земјите од регионот Адрија станаа посакувана и крајна дестинација за тие што заради работа се преселуваат во самиот регион, но и за дојденците надвор од Европа, најмногу од Азија.
Модните брендови ќе плаќаат за текстилниот отпад
Регулаторите во САД и Европа се будат во врска со растечкиот проблем со отпадот од облека, што ги затрупува локалните депонии. Тие сè повеќе бараат од брендовите да плаќаат за тоа и веќе создаваат соодветни програми за надомест за произведениот текстилен отпад.
Во ЕУ текстилниот отпад изнесува околу четири милиони тони секоја година, а во САД 17 милиони тони. Облеката што не завршува на локалните депонии често се испраќа на големо во земјите на југот. Во Гана, на пример, секоја недела пристигнуваат дури 15 милиони вишоци облеки
„Фич“ ќе го намали кредитниот рејтинг на САД?
Тензиите околу преговорите за максималната граница на долгот на САД се зголемија откако „Фич“предупреди дека рејтингот ААА на нацијата е под закана од политички ќор-сокак што го спречува договорот. И пазарите покажуваат зголемена нервоза поради застојот со зголемени премии на државните записи што достасуваат во периодот кога ризикот од неисполнување на обврските е највисок.