text size
Македонските граѓани можат без виза да патуваат во 125 земји, додека 101 држава бараат виза за македонските патници, покажа истражувањето на лондонската консултантска компанија за имиграции „Хенли енд партнерс“ (Henley & Partners), според кое македонскиот пасош е на 43.место на листата најмоќни во светот. Нашата земја има подобрување за две места во однос на 2022 година, кога го зазеде 45-то место на оваа листа. На оваа информација веројатно најмногу се радуваат помладите генерации кои со право сакаат да избегаат ако се земе предвид дека, како сме тргнале, ќе ни требаат четири децении за да ја стигнеме ЕУ на економски план.