Холивудските студија упатија нова понуда до сценаристите што штрајкуваат, која вклучува отстапки по прашањата како што се употребата на вештачка интелигенција и пристапот до податоците од гледаноста, велат лица упатени во преговорите.
Сојузот на филмски и телевизиски продуценти (анг. Alliance of Motion Picture & Television Producers), кој ги претставува големите медиумски компании како „Ворнер Брос“ (Warner Bros.), „Дискавери“ (Discovery Inc.) и „Парамаунт“ (Paramount Global), се согласи на тоа луѓе да бидат наведени како сценаристи наместо да бидат заменети со вештачка интелигенција. Компаниите исто така ќе споделуваат и податоци за бројот на изгледани часови на стриминг-услугите, за сценаристите да имаат увид во тоа колку се популарни нивните емисии, посочуваат изворите, кои побараа да не бидат именувани за време на дискусиите што се во тек.
Тед Сарандос, еден од главните директори на „Нетфликс“ (Netflix), се издвоил како моќна сила што сака да постигне договор со сценаристите, според изворите. Неодамна во притисокот за договор му се придружил и извршниот директор на „Волт Дизни“ (Walt Disney Co), Боб Ајгер.
Прочитај повеќе
Наградите „еми“ одложени за следната година поради штрајкот во Холивуд
Церемонијата на доделување на најпрестижната американска телевизиска награда е одложена за речиси четири месеци.
11.08.2023
Вештачката интелигенција го извади на виделина лицемерството на Холивуд
Овде лежи и една од причините за штрајкот на филмските работници.
22.07.2023
Холивудските актери и сценаристи започнаа со заеднички штрајк
Штрајковите на актерите и сценаристите ќе ја запрат американската филмска и ТВ продукција, со исклучок на реалити програмите без сценарио
14.07.2023
Холивудските сценаристи на штрајк, многу серии може да бидат одложени
Сценаристите на некои од најпопуларните серии и емисии од Холивуд од вторник нема да бидат на своите работни позиции.
02.05.2023
Здружението на писатели на Америка (анг. Writers Guild of America), кое застапува околу 11.500 сценаристи низ целата земја, стапи во штрајк на 2 мај, барајќи повисоки плати и други промени на договорите, за кои рече дека нес е се во согласност со подемот на стриминг-платформите и други технологии. Штрајкот, заедно со штрајкот на актерите што започна во јули, во голема мера ја запре продукцијата на нови филмови и ТВ-серии.
Синдикатот и студијата се сретнаа на 11 август, кога беа претставени новите услови. Тие треба да се сретнат повторно во вторник за да разговараат за одговорот на синдикатот.
Други делови од понудата вклучуваат зголемување од над 20 проценти во исплатата на заостанатите хонорари што им се исплаќаат на сценаристите кога нивните емисии се емитуваат на други мрежи покрај оние за кои првично биле произведени. Исто така биле предложени зголемување на платите и минимално времетраење на ангажманот за писателите во „мини-соби“, каде што помал број писатели работат пред емисијата да се одобри или обнови.
Студијата нудат зголемување на основната плата за пет проценти во првата година, во однос на претходната понуда од четири проценти. Сценаристите побараа зголемување од шест проценти во првата година од тригодишниот договор.