text size
Во студеното февруарско попладне минатата година во Атланта, Џорџија, стотици статисти што учествувале во снимката за боксерски меч за филмот „Крид 3“ (Creed III) биле замолени да се префрлат од арената каде што навивале, во голем шатор во близината. Откако влегле, наизменично седнале и повторно навивале, само што сега седеле сами пред круг од мали камери, кои детално ги снимале нивните движења. Асистентот за продукција зад камерите држел упатства запишани на картички. На едната пишувало „Стани!“, а на другата „Навивај!“. Им било кажано дека скеновите ќе се користат за пополнување на сцените со публика, претворајќи 200 статисти во илјадници.