ВИ-стартапот „Перплексити“ (Perplexity) поднел официјална понуда за купување на прелистувачот Хром (Chrome) на „Гугл“ (Google) во вредност од 34,5 милијарди долари, дрзок потег на кој би бил подготвен ако во рамките на антимонополска постапка во САД му биде наложено на „Гугл“ да го продаде.
Неочекуваната понуда, која „Перплексити“ планира да ја финансира со помош на надворешни инвеститори, била испратена до „Гугл“ во вторникот наутро, соопшти портпарол на компанијата. Таа доаѓа кратко откако конкурентниот ВИ-стартап „Опен еј-ај“ (OpenAI) исто така изрази интерес за купување на Хром.
„Тему“ во Македонија: 250 тони за еден месец, небезбедни производи и нелојална конкуренција
Само во текот на јуни годинава македонските граѓани нарачале близу 250 тони стока од „Тему“. Дури 95 тони од оваа стока се пратки со вредност до 22 евра и за нив не се платени никакви давачки. За остатокот, 153 тони, се платени давачки во износ од 678 илјади евра (41,7 милиони денари), покажуваат податоците на Трговската комора при Сојузот на стопански комори.
Како глобална платформа со огромна логистичка поддршка и агресивна ценовна политика, „Тему“ успева да понуди производи по цени кои локалните бизниси тешко можат да ги следат. Ова ја намалува конкурентноста на домашните компании, влијае на продажбата и го зголемува притисокот за брза дигитална трансформација.
Богатите со години вложуваат на црногорскиот брег - во што е тајната
Црна Гора и во 2025 година го потврдува статусот на една од најатрактивните дестинации за вложување во недвижности на Јадранот, со просечна цена на станбениот квадрат во новоградба од 2.158 евра во првиот квартал. Во Подгорица просечната цена била 2.066 евра, додека на приморјето достигнала 2.328 евра, покажуваат најновите податоци на Управата за статистика на Црна Гора (Монстат).
„Црна Гора се издвојува како врвна дестинација за инвестирање во недвижности, ако се суди според приносите и споредбата со европските и регионалните конкуренти (гледано по главни градови). Според последните податоци, просечниот принос од издавање во Подгорица од 6,39 проценти е втор во регионот, а пред неа е само Скопје со 6,71 процент. Во споредба со другите европски градови, податоците на сајтот globalpropertyguide.com покажуваат дека Подгорица се наоѓа меѓу првите десет града“, вели Немања Ѓурѓевиќ, аналитичар на „Блумберг Адрија“.
Кина воведе санкции за две банки од ЕУ како одговор на потезите на Европа
Кина воведе санкции за две банки од ЕУ, исполнувајќи го ветувањето за одмазда по потезите на блокот насочени кон одредени кинески кредитори поради руската инвазија врз Украина.
Министерството за трговија соопшти во средата дека „Урбо банка“ (UAB Urbo Bankas) и „Мано банка“ (AB Mano Bankas) се вклучени во списокот на контрамерки. Со ова им се забранува на организации и поединци во Кина да вршат трансакции, соработка и други активности со овие институции. Во посебно соопштение Министерството изрази надеж дека ЕУ ќе го цени односот со Кина, ќе ги исправи своите грешки и ќе престане да ги нарушува интересите на државата.
ВИ-алатки ви штедат време и го намалуваат стресот - што користат менаџерите
Сѐ уште ми одѕвонуваат во главата зборовите на македонскиот претприемач Петар Ниновски, основач на едукативно–технолошката платформа „Бреинстер“ (Brainster), кажани на една презентација неодамна: „Вештачката интелигенција (ВИ) нема да ги замени луѓето, туку луѓето со ВИ-вештини ќе ги заменат луѓето без ВИ-вештини“. Настанот беше токму околу иднината на професиите во ерата на ВИ, односно како ВИ ќе ги трансформира работните места. Многумина периодов се преокупирани со прашањето дали во блиска иднина е можно да бидат сосема заменети од „роботите“, односно ВИ, а ако се прашува Ниновски, сите треба да размислуваме на таа тема, затоа што бројот на работни позиции што делумно или целосно веќе може да ги извршува ВИ, секојдневно расте.
Пишуваме за тоа какви ВИ алатки користат професионалците од различни сфери и какви се ефектите од нивната употреба, особено кога станува збор за продуктивноста и заштедата на време.
Од „Павилјон“ до Дефо: Сараево слави филмска магија
Секое лето, на средината од август, Сараево се претвора во центар на регионот што пулсира со енергија на филмот и уметноста. Улиците се исполнети со туристи од целиот свет, хотелите се полни, угостителскиот сектор бележи рекорди, а градот станува епицентар на филмската уметност. Сараевскиот филмски фестивал (СФФ) не е само настан – тој е двигател на економскиот и општествениот живот, препознаен како една од најважните филмски манифестации во Југоисточна Европа.
Фестивалот свечено ќе го отвори филмот „Павилјон“ на босанскохерцеговскиот режисер Дино Мустафиќ, кој премиерно ќе биде прикажан в петок, 15 август. Во конкуренција за наградите „Срцето на Сараево“ е натпреварувачката програма, која годинава вклучува 50 филма распределени во четири селекции – игран, документарен, краток и студентски филм.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...