text size
Меѓународните финансиски институции, меѓу кои и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Светска банка, го поддржаа планот вреден четири милијарди евра за транзиција од јаглен кон обновливи извори на енергија во Северна Македонија. Договорот, којшто се очекува да биде објавен на климатските Самит COP28 во Дубаи што почнува на 30 ноември, ќе постави план за затворање на двете електрани на јаглен во земјата и нивна замена со 1,7 гигавати обновлива енергија, пренесува Еурактив.