Додека вселенското летало „старшип“ (Starship) се движеше кон блиската орбита, се чини дека се распадна на преносот во живо на платформата X. Подоцна, водителите на преносот рекоа дека „старшип“ е изгубен, најверојатно порди тоа што системот за завршување на летот се активирал додека леталото навлегувало во близина на орбитата. Системот за завршување на летот се користи за уништување на ракета ако таа почне да покажува дефекти или отстапува од траекторијата на летот за време на лансирањето.
„Старшип“ успешно полета малку по 7 часот наутро од постројката за лансирање „Старбејс“ (Starbase) на „Спејс екс“ (SpaceX) во Бока Чика, Тексас, поставен на својот забрзувач (Super Heavy booster). Се чинеше дека летот започна без проблеми. Двете летала се разделија според планираното, нешто повеќе од две и пол минути по почетокот на мисијата, подвиг што „Спејс екс“ не успеа да го постигне на првиот тест на леталото во април.
Меѓутоа, брзо по одвојувањето, „супер хеви“ се распадна од засега нејасни причини, додека „старшип“ продолжи понатаму по својот пат па стигна во близина на орбитата. Отприлика осум минути по почетокот, можеше да се види голем облак од остатоци околу вселенското летало „старшип“, а „Спејс екс“ потврди дека ги загубиле податоците од леталото.
„Спејс екс“, познат по својот пристап кон развојот на ракети, најверојатно ќе го смета целокупниот лет како успех со оглед на новите пресврти што ги постигна, доколку се има предвид дека првиот обид во април заврши со експлозија по само неколку минути.
„Првата етапа изгледаше прекрасно со активирање на 33 мотори. Добивме жешка сцена, а тоа навистина сакавме да го видиме“, рече инженерот на „Спејс екс“, Џон Инспракер.
За овој лет, „Спејс екс“ воведе ретка техника позната како жешка сцена за моментот кога „старшип“ и „супер хеви“ се раздвојуваат. Моторите на „старшип“ накратко се запалија додека сè уште беше прикачен на „супер хеви“ , давајќи му благ поттик додека двете летала се разделуваа.