Хамас ослободи група од 24 заложници држени во Газа по договорот за четиридневно примирје со Израел, кратка пауза во шестнеделната војна што ја опустоши палестинската територија, како одговор на смртоносниот напад од милитантите минатиот месец.
„Со олеснување го потврдуваме безбедното ослободување на 24 заложници“, објави Меѓународниот комитет на Црвениот крст во објава на платформата X. Групата содржела 13 израелски државјани, објавија локалните медиуми, а ослободените се очекува да бидат жени и деца. Десетина тајландски државјани, исто така, биле ослободени, соопшти Египет претходно, во рамки на одделни преговори.
Ослободените се меѓу околу 240-те луѓе заробени кога Хамас го нападна Израел на 7 октомври, предизвикувајќи израелско бомбардирање и инвазија на Газа. Прекинот на огнот стапи на сила претходно во петокот.
Прочитај повеќе
Стапи на сила краткото примирје меѓу Хамас и Израел
„Војната сè уште не е завршена“, изјави портпаролот на израелската армија во петокот наутро
24.11.2023
Постигнат договор меѓу Израел и Хамас, почнува ослободување на заложници и затвореници
Најмалку 50 заложници, жени и деца, ќе бидат ослободени во текот на четири дена, при што ќе има пауза во борбите, соопшти израелската влада.
22.11.2023
Што е Хамас - историја на милитантната група што го нападна Израел
Со еден потег, нападот на Хамас врз Израел ги преуреди регионалните приоритети во скора иднина.
10.10.2023
Водич за разбирање на суштината на конфликтот меѓу Израел и Хамас
Арапите и Евреите кои живееле во Светата земја биле под Отоманската империја до крајот на Првата светска војна.
21.10.2023
Како што стапи на сила прекинот на огнот, улиците во јужниот дел на Појасот Газа - каде Израел ги повика цивилите да се евакуираат додека неговите војници се концентрираат на север - беа полни со луѓе кои излегуваа од засолништата, некои носеа предмети, покажуваат снимки од „Ал Џезира“ (Al Jazeera). Во градот Кан Јунис, автомобили ги преплавија улиците и свиреа со сирените.
Според договорот, кој дојде по неколкунеделни сложени и деликатни разговори со посредство на Катар, САД и Египет, Хамас на крајот треба да ослободи 50 жени и деца. Израел треба да ослободи 150 затворени палестински жени и младинци, а првата група од 39 беа ослободени во петокот, соопшти Катар.
Израелските напади од воздух, копно и море се интензивираа пред прекинот на огнот, соопштија Обединетите нации. Непосредно пред паузата, израелската армија ги предупреди луѓето во Газа да останат во јужните области. Во последните недели стотици илјади ги напуштија своите домови на северот, за кој Израел вели дека е „центар на гравитација“ на Хамас.
Почетокот на примирјето беше одложено за еден ден бидејќи страните одржаа преговори во последен момент преку Катар по првичниот договор во раните утрински часови во средата.
„Овие неколку дена ќе бидат многу кревки“, рече Мајрав Зонзејн, висок аналитичар во Меѓународната кризна група за телевизијата „Блумберг“ во петокот. „Ќе треба да видиме како ќе се развиваат работите, доколку двете страни се придржуваат до договорот“.
Паузата го означува првото големо затишје на борбите од почетокот на конфликтот на 7 октомври. Тој ден, Хамас, кој е прогласен за терористичка организација од страна на САД и Европската унија, од Газа ги нападна јужните израелски заедници и армиските бази, убивајќи 1.200 луѓе, како и земајќи ги заложниците.