Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека сè уште трае распитот на адвокатот Васко Стојков, со кого Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, заминал во Белград.
„Адвокатот е задржан на распит, кој сè уште трае во рамките на 24-часовното задржување, и кога ќе заврши, службите ќе одлучат што понатаму“, рече Спасовски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на СВР-Охрид.
Во однос на возачот што го превезуваше Палевски до Турција и кој беше приведен на влез во земјава, на граничен премин кај Дојран, Спасовски рече дека ќе биде поднесена кривична пријава.
Прочитај повеќе
Обвинителството отвори истрага за две убиства на свиреп начин
Истражната постапка се води против пет лица.
06.12.2023
Во Турција фатен главниот осомничен за убиството на Вања
Добиено е известување од Турција, дека креаторот, главниот координатор и директниот извршител е фатен од тамошните служби.
05.12.2023
Се бара притвор за лице кое помогнало за бегство по убиството на Вања
Поднесен е предлог за определување краткотраен 48-часовен притвор против против 46-годишен скопјанец.
05.12.2023
По убиецот на Вања интензивно се трага, во злосторството е вклучен и член од семејството
Министерот Оливер Спасовски на прес-конференција кажа дека во случајот бил вклучен и член на семејството, а целта била да се изнудат пари од мајката на Вања.
04.12.2023
„Во согласност со она што го имаме потврдено, службите ме информираа дека ќе се поднесе кривична пријава“, изјави Спасовски во Охрид.