Јирген Клоп на крајот од оваа сезона ќе го напушти Ливерпул, англискиот фудбалски клуб што го предводеше до шест големи трофеи, велејќи дека „снемал енергија“.
„Можам да разберам дека ова е шок за многу луѓе во моментов“, рече Клоп во видеопорака објавена на мрежата X во петокот.
Тој беше назначен за менаџер на клубот во октомври 2015 година, а ги освои Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА, Светското клупско првенство на ФИФА, Премиер-лигата, Лига-купот и ФА-купот, со што стана единствениот менаџер на Ливерпул што ги донел сите тие трофеи во клубот.
Прочитај повеќе
Индиски милијардер сака да го купи Ливерпул
За клубот се заинтересирани и инвеститори од Блискиот Исток и САД
13.11.2022
Газдите сакаат да го продадат фудбалскиот клуб Ливерпул
„Фенвеј спортс груп“ ја разгледува ситуацијата во соработка со компаниите „Голдман Сакс“ и „Морган Стенли“.
07.11.2022
Ливерпул во моментов е на врвот на табелата во Премиер-лигата, со пет бода повеќе од Манчестер сити и Арсенал. Клубот е исто така втор фаворит за освојување на Премиер-лигата во сезоната 2023-2024, според најновите коефициенти за обложување на „Педи пауер“ (Paddy Power).
Популарниот менаџер постигна успех во германскиот клуб Борусија Дортмунд, кој под негово водство двапати едноподруго ја освојуваше Бундеслигата, во 2011 и 2012 година.