Француските власти го подигнаа нивото на безбедносна тревога на максимум по нападот што се случи во петокот во концертната сала во Москва.
Премиерот Габриел Атал рече дека зголеменото ниво на тревога низ целата земја е оправдано со оглед на „преземањето на одговорноста од Исламската држава за нападот и заканите упатени кон Франција“.
Тој го објави ова во твит во неделата вечер, по состанокот на Советот за одбрана и безбедност организиран од претседателот Емануел Макрон во Елисејската палата. Атал во објава на Х порача дека одлуката доаѓа неколку месеци пред Париз да биде домаќин на Олимпијадата.
Прочитај повеќе
Осомничените за нападот во Москва пред суд, двајца ја признаа вината
Пред Окружниот суд Басмани во Москва се појавија сите четворица осомничени за нападот во концертната сала.
25.03.2024
Напад во Москва - 40 мртви, над 100 повредени во концертна сала
Вооружени лица извршиле напад во концертната сала во Москва вечерва
22.03.2024
Во победничкиот говор, Путин вети дека ќе ја продолжи војната во Украина
Владимир Путин вети дека ќе ја продолжи војната против Украина и ќе ги зајакне руските вооружени сили за време на новиот претседателски мандат.
18.03.2024
Русија оди на избори со повисок стандард на граѓаните поради воената економија
Две години по инвазијата од Кремљ на Украина, многумина во Русија имаат причина да чувствуваат дека економијата за време на војната функционира добро.
14.03.2024
Франција има три нивоа на тревога од тероризам, при што највисокото ниво се активира пред напад во Франција или во странство кога заканата од напад е неизбежна.
Тоа овозможува воведување вонредни безбедносни мерки, како што се зголемени патроли на вооружените сили на јавни места како железнички станици, аеродроми и верски објекти.