Иран вечерва го нападна Израел со беспилотни летала и проектили. Нападот дојде само неколку часа откако корпусот на Исламската револуционерна гарда заплени контејнерски брод на израелска компанија во близина на Ормутскиот теснец помеѓу Персискиот и Оманскиот залив. Иранската револуционерна гарда преку националната телевизија потврди дека почнала опсежна операција со беспилотни летала насочени кон Израел.
Истовремен напад со беспилотни летала и проектили може да го збуни израелскиот воздушно-одбранбен систем, бидејќи тие можат да пристигнат со различни брзини, на различни надморски височини и насоки, според американски официјален претставник, кој побара да остане анонимен.
Најавена е можност да се повикаат на помош американските поморски сили во соборувањето на проектилите. Два разурнувачи на американската морнарица се во регионот и имаат системи за противвоздушна одбрана способни да соборуваат беспилотни летала и проектили.
Прочитај повеќе
Ирански командоси запленија брод на израелска компанија кај Ормутскиот теснец
Корисниот на бродот е „Зодијак Маритме“, дел од „Зодијак групацијата“ на израелскиот бизнисмен Ејал Офер.
13.04.2024
Како би изгледала отворената војна меѓу Иран и Израел?
Најважните сојузници на Иран се шиитските милиции во Либан, Ирак, Сирија и Јемен, a Израел ги има САД
13.04.2024
Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток ја вивна цената на нафтата
Глобалниот репер Брент се искачи над 92 долари за барел.
13.04.2024
На повидок регионална војна: Израел се подготвува за директен напад од Иран
САД преместуваат дополнителни воени средства во регионот, додека ги интензивираат дипломатските напори за зауздување на непријателствата.
13.04.2024
Непосредно пред веста дека Иран го почнал нападот, на мрежата X беше објавен краток видео говор на Бенјамин Нетанјаху. Таму, премиерот рече дека Израел со години се подготвувал за можен директен напад од Иран и дека неговите одбранбени системи се распоредени и се подготвуваат за секое сценарио.
Иран со денови се закануваше со акција против Израел како одговор на нападот врз иранскиот дипломатски комплекс во Сирија во кој загинаа најмалку 13 лица, вклучително и високи членови на револуционерната гарда. Техеран соопшти дека тоа е еквивалентно на напад на територијата на Иран и го обвини Израел за нападот. Администрацијата на Бенјамин Нетанјаху не презеде одговорност за овој напад.