text size
Израелската војска соопшти дека Иран синоќа лансирал околу 170 дронови, 30 крстаречки ракети и 120 балистички ракети кон израелската територија. Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари рече дека биле пресретнати над 200 проектили и беспилотни летала односно дека повеќето од нив воопшто не стигнале до Израел.