Техеран го прогласи синоќешниот напад врз Израел за успешен и покрај тоа што повеќето од 300. лансирани проектили беа соборени од израелските одбранбени сили и од американската војска пред да пристигнат на израелска територија.
„Сметаме дека со оваа операција е постигнат целосен резултат и немаме намера да продолжи операцијата“, изјави денеска началникот на Генералштабот на иранските вооружените сили Мохамад Багери за државната телевизија.
Тој додаде дека Иран ја нападнал воздухопловната база од која полетале израелските авиони за да ја нападнат иранската амбасада во Сирија.
Прочитај повеќе
Иран го нападна Израел со над 300 проектили и беспилотни летала
Израел побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации.
14.04.2024
Иран започна голем напад на Израел со дронови и проектили
Најавена е можност да се повикаат на помош американските поморски сили во соборувањето на проектилите.
13.04.2024
Ирански командоси запленија брод на израелска компанија кај Ормутскиот теснец
Корисниот на бродот е „Зодијак Маритме“, дел од „Зодијак групацијата“ на израелскиот бизнисмен Ејал Офер.
13.04.2024
Како би изгледала отворената војна меѓу Иран и Израел?
Најважните сојузници на Иран се шиитските милиции во Либан, Ирак, Сирија и Јемен, a Израел ги има САД
13.04.2024
„Ако Израел одговори, нашата следна операција ќе биде многу поголема“, додаде тој.
Инаку, „Аксиос“ цитирајќи висок функционер во Белата куќа објави дека американскиот претседател Џо Бајден во телефонскиот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му рекол дека САД нема да поддржат израелски контранапад против Иран.
Претходно, Иран ги предупреди САД да не се мешаат во конфликтот, а Израел соопшти дека е подготвен да одговори на секоја закана.