Неколку авиокомпании ги прекинаа услугите на главниот меѓународен аеродром во Либан, бидејќи ескалираа тензиите меѓу Израел и милицијата Хезболах. „Дојче Луфтханза АГ, заедно со нејзините единици „Свис Интернешнл“ (Swiss International) и „Еуовингс“ (Eurowings), соопштија дека ќе ги стопираат летовите до и од Бејрут до 6 август, додека грчката компанија „Ејџијан Ерлајнс“ (Aegean Airlines) откажа некои летови и ја проценува ситуацијата на дневна основа. „Катар ервејс“ ќе го прилагоди својот распоред за да обезбеди сите летови до Бејрут да продлжат во текот на денот, изјави портпаролот.
Либанскиот авиопревозник „Мидл Ист Ерлајнс“ (Middle East Airlines) презакажа некои летови во неделата и понеделникот бидејќи сакаше да ги распредели осигурителните ризици за авионите внатре и надвор од земјата, се вели во соопштението на компанијата. „Ер Франс“ ги прекина летовите за Бејрут на 29 и 30 јули и рече дека ја следи ситуацијата во реално време.
Акциите следуваат по ракетниот напад на Голанската висорамнина во неделата, во кој загинаа 12 млади на фудбалско игралиште и ризикуваше да предизвика сеопфатен конфликт меѓу Израел и Хезболах за кој се стравуваше со месеци. Израел вели дека има докази дека ракетата што го погодила градот Мајдал Шамс била истрелана од Хезболах, нешто што групата го негира.
Прочитај повеќе
Иран го предупреди Израел да не се впушта во „нова авантура“ во Либан
Во ракетен напад врз фудбалски стадион загинаа 12 млади.
28.07.2024
МНР ги повикува македонските државјани да го напуштат Либан
Поради можност за влошување на ситуацијата, се намалуваат можностите за навремено напуштање
23.06.2024
МЕА од октомври паркираше голем број авиони надвор од земјата во Јордан, Турција и Кипар, бидејќи осигурителите се загрижени поради можноста за поширока војна во регионот. Како резултат на поместувањата, превозникот ги рекалибрира правците за да одговори на помалата побарувачка и помалата оперативна флота.