Директорите од индустријата за криптовалути планираат да се сретнат со помошниците на Белата куќа и со претставникот Ро Кана неделава за да разговараат за загриженоста околу дигиталните средства и да предложат промени во политиката за следната администрација.
Добро утро! Ова се петте вести што треба да ги знаете на почетокот од денот.
Колку се трудат стриминг-платформите околу македонската публика?
Во денешната ера на дигитализација, индустријата за забава и медиуми (Entertainment and Media - E&M) стана сфера што постојано се развива, каде што конкуренцијата е жестока, а вниманието на потрошувачите е минливо.
Станува збор за индустрија што е толку разновидна што сè уште не постои универзална дефиниција за неа. Таа може да опфати сè, од телевизиски гиганти преку адвертајзинг-компании до социјални мрежи. Или на неа да се гледа од потесен аспект, во кој влегуваат, пред сè, дигиталните стриминг-сервиси за видео, музика и за видеоигри. Во оваа динамична средина, маркетингот претставува важен столб, играјќи незаменлива улога во успехот на компаниите.
Колку милиони евра им донесоа високите камати на трите најголеми банки?
Над 136 милиони евра оствариле трите најголеми банки во Македонија како нето-каматни приходи во првото полугодие од годинава. Толку пари всушност имаат на своите биланси вкупно „НЛБ банка“, „Стопанска банка“ АД Скопје и „Комерцијална банка“ од каматите што ги наплатиле од клиентите по основ на издадени заеми минусирани за расходите од камати.
Овие три банки во континуитет имаат раст на профитабилноста, а приходите од камати се клучна ставка во вкупните нивни приходи, во кои значаен раст остваруваат и од провизии и надоместоци. Резултатите што ги анализираме се остварени во време на одржано високо ниво на каматни стапки, политика што ја диктира Народната банка на Северна Македонија (НБРСМ).
Спортскиот и музичкиот туризам ќе стане индустрија од 1,5 трилион долари
Ако сте изгубиле претстава за тоа колку луѓе околу вас неодамна објавиле фотографии од трки во Формула 1 или концерти на Тејлор Свифт, голема е веројатноста дека не сте сами. Според новото истражување на „Колинсон интернешнл“ (Collinson International), кој ги поседува приоритетните и клучни аеродромски салони низ светот, спортскиот и музичкиот туризам расте со неверојатна брзина и се предвидува дека до 2032 година ќе биде индустрија од 1,5 трилион долари.
Спортскиот туризам сочинува огромно мнозинство од таа бројка. Вредноста на спортскиот туризам е 564,7 милијарди долари во 2023 година и се очекува да порасне на 1,33 трилион долари во следните осум години.
„Беркшир Хатавеј“ на Ворен Бафет го намали уделот во „Епл“ за речиси 50 отсто
„Беркшир Хатавеј“ го намали својот удел во „Епл“ за речиси 50 проценти како дел од масовната распродажба во второто тримесечје, која го зголеми готовинскиот куп на милијардерот Ворен Бафет на рекордни 276,9 милијарди долари. Севкупно, „Беркшир“ продаде акции во вредност од 75,5 милијарди долари на нето-основа во тој период, објави во саботата конгломератот со седиште во Омаха, Небраска. Оперативните приходи се зголемија на 11,6 милијарди долари, во однос на 10 милијарди долари за истиот период пред една година.
„Можете да заклучите дека ова е уште еден сигнал за продажба“, рече Џим Шанахан, аналитичар во „Едвард Џонс“, кој го покрива „Беркшир“. „Ова беше многу повисоко ниво на продажна активност отколку што очекувавме“.
Сателитски снимки го прикажуваат првиот брод со гас во санкционираната руска фабрика
Голем брод се закотви во руската фабрика за извоз на течен природен гас на Арктикот на крајот на минатата недела, според сателитски снимки, што се чини дека е првиот потег за заобиколување на американските санкции против објектот. „Новатек“ (Novatek), која го предводи објектот, не го коментираше пристигнувањето на бродот, а снимките направени од сателитот „Сентинал 2“ не потврдуваат дека станува збор за природен гас.
Сепак, бродот е долг приближно 280 метри (919 стапки), закотвен во постројката Арктик околу 1 август, речиси точно колку еден типичен брод со природен гас.