Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, објави дека социјалната мрежа Х е „суспендирана“ на десет дена.
Агенцијата задолжена за телекомуникациите „одлучи да го прекине пристапот до социјалната мрежа Х во период од 10 дена“, рече Мадуро, нагласувајќи дека тоа е по негов предлог.
„Никој нема да ме замолчи, ќе се спротивставам на шпионажата на технолошката империја. Илон Маск е сопственик на Х и ги прекрши сите правила на социјалната мрежа со поттикнување омраза и фашизам“, продолжи Мадуро, кој редовно го обвинува американскиот милијардер за заговор против него.
Прочитај повеќе
Режимот во Венецуела да ги поткрепи обвинувањата со докази, вели Андоновски
Внимателно го следиме процесот, Министерството не е истражен орган, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
30.07.2024
Венецуела: Сајбер-напад извршен од Македонија влијаел врз претседателските избори
Обвинителството ја именуваше опозициската лидерка Марија Корина Мачадо како клучна осомничена.
30.07.2024
Претседателот во понеделникот објави дека се откажува од Ватсап (WhatsApp), критикувајќи ја социјалната мрежа, која ја обвини за обид за „криминален фашистички кибер-удар“ по спорните претседателски избори во Венецуела.
Националниот изборен совет во петокот, 2 август, ја ратификува победата на Мадуро со 52 отсто од гласовите, но не ги објави јавно пребројувањето на гласовите и евиденцијата на избирачките места, тврдејќи дека е жртва на хакери.
Според опозицијата, која ги објави записите до кои дошле нејзините набљудувачи - чија валидност ја отфрла Мадуро - Едмундо Гонзалес Урутија, кој ја замени забранетата опозициска лидерка Марија Корина Мачадо, победил на изборите со 67 отсто од гласовите.
Опозицијата, како и многу набљудувачи, смета дека наводите за хакирање имаат цел да се избегне објавување извештаи од избирачките места. Тие предупредија и на можно масовно напуштање на земјата од страна на жители на Венецуела доколку Мадуро остане на власт.
Мадуро и властите постојано го обвинуваат Маск дека е вмешан во кибер-напад.
Немирите што следуваа по објавувањето на победата на актуелниот претседател однесоа 24 животи од 28 јули, според ажурираниот извештај објавен во вторникот од групите за човекови права, вклучувајќи го и разгранокот на „Хјуман рајтс воч“ (Human Rights Watch).