Светската здравствена организација апелираше за поддршка прогласувајќи ја најновата епидемија на мајмунски спианици (mpox) во Африка за меѓународна здравствена вонредна состојба. Проблемот е што во моментов има малку средства за справување со потенцијално смртоносниот вирус.
За спречување на ширењето на мајмунските сипаници во Демократската Република Конго и соседните земји ќе бидат потребни кампањи за надзор, едукација за јавното здравје и вакцинација што ќе биде скапо, особено за оваа сиромашна нација, којашто е во центарот на кризата.
Досега, СЗО одвои 1,45 милиони американски долари од својот фонд за вонредни состојби за итни случаи, додека Африканската унија одобри 10,4 милиони долари од постојните фондови за ковид за африканските центри за контрола и превенција на болести. Најголемата сума би можела да дојде од „Гави“, алијансата за вакцини, од каде што соопштија дека би можеле да го искористат својот нов итен фонд од 500 милиони долари за вакцинација.
Прочитај повеќе
ЕЦДЦ препорача вакцинирање против мајмунски сипаници пред патување во Африка
Светската здравствена организација (СЗО) неодамна прогласи глобална вонредна состојба за јавно здравје поради ширењето на мпокс.
17.08.2024
Мајмунските сипаници стигнаа во Европа, првиот случај е потврден во Шведска
Станува збор за првиот случај на новиот вид од овој вирус регистриран надвор од Африка.
16.08.2024
„Нордик“ може да обезбеди доволно вакцини против мајмунски сипаници
СЗО вчера прогласи вонредна состојба поради мајмунските сипаници
15.08.2024
Тоа е многу помалку од четирите милијарди долари што генералниот директор на африканската ЦДЦ, Жан Касеја, процени дека ќе му требаат на континентот за борба против овие сипаници.
„Големиот јаз што јасно можам да го видам значи дека може да ги повториме грешките од минатото бидејќи немаме механизам за финансирање“, рече Хавиер Гузман, директор за глобална здравствена политика во Центарот за глобален развој, невладина организација која се фокусира на јавното здравје. Според него, единствената суштинска опција во моментов е финансирањето од „Гави“, кое може да се искористи за вакцинација, но тоа е „далеку од адекватно“.
Напливот на случаи е во Конго, земја приближно со големина на Западна Европа која е зафатена од повеќедецениски конфликт, тешка сиромаштија и неухранетост. Дополинтелно, таму има околу 4,2 милиони внатрешно раселени лица, од кои многумина престојуваат во преполни кампови, со што предизвикот за запирање на ширењето на епидемијата станува уште поголем.
Оваа година имало околу 15.700 сомнителни случаи, што резултирало со околу 550 смртни случаи, според владата на Конго. Додека многу од нив се должат на постара, помалку заразна варијанта на мајмунските сипаници, постои загриженост дека инфекциите од поновата сорта брзо ќе се зголемат.
Конго соопшти дека бара 3,5 милиони дози вакцини, а тамошниот министер за јавно здравје, Роџер Камба изјави дека ќе бидат потребни стотици милиони долари. Цената се проценува на 100 долари по доза, што е недостапно за многу земји. На брифингот во четвртокот, Камба ја повика меѓународната заедница да обезбеди помош.
Предизвикот во обезбедувањето пари за борба против избувнувањето на малите сипаници е во позадина на многу ограничено финансирање за низа смртоносни болести, рече Питер Сендс, извршен директор на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија.
Има „големи празнини во финансирањето на болестите кои веќе убиваат многу повеќе луѓе“, рече Сендс. Иако можеби ќе бидат потребни повеќе средства, тој предупреди да не се заборави поширокиот контекст на недостиг од средства за болести како маларијата во Конго.
Во случајот со малите сипаници, еден од најбрзите начини да се добие финансирање онаму каде што треба е да се пренамени финансирањето од механизмите кои веќе постојат, како што е работата за превенција на болести, рече Сендс, кој претходно беше главен извршен директор на „Стандард Чартерд“ (Standard Chartered. Plc).
Во Конго, остануваат големи празнини во знаењето за епидемиологијата на болеста. Прогласувањето на глобална здравствена вонредна состојба подобро го фокусира вниманието на разбирање на инфекцијата и како таа се шири во Конго. „Ние навистина немаме контрола врз тоа во однос на епидемиолошката динамика и ова ќе го фокусира вниманието на тоа доста ефикасно“, рече тој.