Накратко од светот: Преговори за американските царини кон Кина
Викендов двете земји ќе преговараат за намалување на царините под 60 проценти.
пред 3 часа
24 мај 2023, 15:53
Нема да има затоплување меѓу САД и Кина, смета Нуриел Рубини
Ќор-сокакот на крајот може да предизвика забавување на економскиот раст
Bloomberg Mercury
Нуриел Рубини предупреди дека САД и Кина се движат по патот на конфронтација по самитот на Г-7 во Јапонија. Претседателот на „Рубини Макро Асосијетс“ (Roubini Macro Associates), кој има историја на предвидување пропаст, рече дека „студената војна меѓу САД и Кина ќе стане уште постудена“.
Говорејќи во интервју за телевизијата „Блумберг“ денеска на маргините на Катарскиот економски форум во Доха, тој предупреди дека ќор-сокакот на крајот може да ги бранува пазарите и да предизвика забавување на економскиот раст и зголемување на цените на суровините.
Лидерите на Г-7 го искористија самитот овој месец во Хирошима, Јапонија за да разговараат за тоа како колективно да се справат со Кина. Тие се согласија да се стремат кон „конструктивни и стабилни“ односи иако продолжуваат со чекори за намалување на зависноста од Пекинг кога се во прашање критичните синџири на снабдување.
„Нема да има затоплување меѓу САД и Кина“, рече Рубини. „Кинеската реакција на овој самит на Г-7 е дека Европа, САД и Јапонија и другите се здружуваат против Кина“, додаде тој.
Рубини ја издвои заканата од „геополитичка депресија“ меѓу најголемите ризици со кои се соочуваат пазарите, укажувајќи на последиците од руската инвазија на Украина и можноста за ескалација меѓу Иран и Израел.
На прашањето за преговорите за зголемување на плафонот на американскиот долг, Рубини рече дека неуспехот да се постигне договор може да има катастрофален ефект.
„Можеби ќе стигнат до последниот час пред да има договор, или е можно да не постигнат договор“, рече тој. „Ако тоа не се случи, тогаш пазарот ќе падне“, вели Рубини.
Владата на Катар е домаќин на економскиот форум, кој е поддржан од „Блумберг“.