Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе е во несвесна состојба откако денеска беше застрелан во градите за време на политички митинг, што е шок за нацијата во која оруженото насилство е навистина ретко, објави Bloomberg.
67-годишниот Абе беше застрелан двапати одзади од далечина од околу три метри додека водеше кампања за неделните избори за Горниот дом во градот Нара во западна Јапонија, објави телевизијата NTV, цитирајќи официјален претставник на неговата владејачка Либерално-демократска партија (ЛДП).
Полицијата го уапсила напаѓачот, кој е маж на 40-годишна возраст, објави Kyodo News.
Две видеа емитувани од NHK покажуваат нешто што изгледа како чад од огнено оружје што доаѓа од зад Абе додека поранешниот премиер им се обраќа на присутните, а потоа и човекот кој набргу беше уапсен на улицата од страна на полицијата. Абе веднаш бил пренесен во болница, а најверојатно дошло до срцев застој.
Премиерот Фумио Кишида ја откажа својата кампања и се врати во Токио, каде што планира да се обрати пред јавноста. Не се знае дали пукањето ќе влијае на тајмингот на изборите за кои ЛДП е силен фаворит. Предвременото гласање веќе започна.
„Ова е голем шок“, рече Хиромичи Ватанабе, висок член на ЛДП, во седиштето на владејачката партија. „Не можам да верувам дека вакво нешто се случи во Јапонија“, додаде тој.
Јенот зајакна во американските трезори по објавувањето на веста, бидејќи инвеститорите рефлексно побараа засолништа. Јапонската валута се тргуваше за 0,4 отсто повисоко на околу 135,50 за долар напладне во Токио, по локално време. Фјучерсите на Nikkei 225 ги избришаа добивките по веста за колапсот на Абе.