text size
Откако милитантната исламистичка група Хамас ја презеде контролата врз Газа во 2007 година, малата пренаселена енклава стана жариште во воениот конфликт меѓу Израел и Палестинците. Илјадници жители на Газа се убиени во израелски воздушни напади, кои главно се предизвикани од ракетни напади извршени од борци на Хамас или други милитанти. Честите прекини на струја, зголемената сиромаштија и постојаниот страв од нови бомбардирања принудија многу жители на Газа да сонуваат за бегство. Сепак, тоа ретко е опција: со строго ограничено движење во и надвор од територијата, некои активисти за права ја опишаа ситуацијата како затвор на отворено.